Сојузот на борците на Скопје (Градскиот одбор и општинските одбори на СБМ) на 25 февруари 2019 година го одбележаа убиството на Кузман Јосифовски – Питу од страна на бугарскиот фашистички окупатор.

Централната манифестација се одржа пред спомен обележјето на Кузман Јосифовски – Питу во општина Карпош, кое се наоѓа на местото каде е загинат Кузман. Пред споменикот пред присутните (повеќе борци, продолжувачи, претставници на Град Скопје, општината Карпош, општествено политички организации и здруженија на граѓани) се положија свежи цвеќиња и оддадена е почит со едноминутно молчење.

Делегации на СБМ свежо цвеќе положија и оддадоа почит пред спомен обележјата на Кузман во Паркот ,,Жена борец“ во Центар и спомен обележјето во Студентскиот дом ,,Кузман Јосифовски –Питу“. Положи цвеќе и делегација од ОУ ,,Кузман Јосифовски – Питу“ кое се наоѓа во општина Кисела вода. На манифестацијата во Карпош, присутните ги поздрави градоначалникот Стефан Богоев, при што оддаде почит на СБМ и НОАВМ.

За животот и делото на Питу, инпресивен говор одржа Петар Карајанов, член на Претседателството на Главниот одбор на СБМ во кој се истакна визионерството на Питу во текот на војната.