Министерството за образование и наука го објави Конкусот за уписи на ученици во средните училишта во новата учебна 2020-2021 година.

Со Конкурсот е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование, природно – математичко подрачје, општествено – хуманистичко подрачје, јазично – уметничко подрачје, стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование, средно образование за ученици со посебни образовни потреби и гимназиско образование во Математичко – информатичка гимназија.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2020 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 24 август 2020 година за што доставуваат доказна документација.