Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 78. седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги со кој се очекува да се обезбеди транспарентен, независен, ефикасен и отчетен јавен радиоадифузен сервис и транспарентно, независно, ефикасно и отчетно регулаторно тело во областа на аудио и аудиовизулените медиумски услуги.

Во содржината и суштината на предложената измена и дополнување се интегрирани забелешките на новинарските и медиумските организации, а дополнително се вградени и клучните препораки на експертите на Советот на Европа и на ОБСЕ во врска со намалувањето на политичкото влијание медиумите, јавниот сервис и медиумскиот регулатор.

Најмногу измени на Законот се околу зголемување на надлежноста на Советот на Агенцијата, како и промени во однос на работењето на директотор на Агенцијата.

Измени има во однос на пропишувањето на начинот на избор на членови на Програмскиот совет на МРТ, околу финансирањето, како и за работното искуство на директорот.

Дамајан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација истакна дека со Законот медиумските работници ја преземаат работата во медиумите, дополнително со тоа што политиката се отстранува од тој простор.

Според него решението е квалитетно, иако не е најдобро.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуровска наведе дека реформите во медиумскиот простор се дел од препораките на Прибе.

Дали главната карактеристика, како што рече, Затуровска, на овој Закон, според предлагачите, тргање на политиката од медиумите, ќе се спроведе, ќе покаже времето и најави нови предлог измени.

На денешната седница на Собранието, по скратена постапка беа донесени и измените и дополнувањата на Законот за Царинската управа.

Зоран Илиоски, претеникот од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека Владата изразила негативно мислење за Законот.

– Сметам дека за едно општество, една економија подобро да функционира, треба владејачкото мнозинство и Владата подобро да соработуваат за суштински закони, посочи тој.