Шест новозаразени лица од ковид-19 се регистрирани во Прилеп во изминатите 24 часа. Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека станува збор за контакти на веќе потврдени позитивни случаи, од познати кластери.
Бројот на активни случаи изнесува 43, од кои 34 се наоаѓаат на домашно, а 9 на болничко лекување.
На Инфективното одделение во прилепската општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 8 лица позитивни на коронавирус, а во самоизолација се наоѓаат 113 лица.
Инаку, по извесно затишје, во изминативе две недели во Прилеп постојано се зголемува бројката на заразени.
Ка.М.