Сите лица што имале контакт со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се тестираат и се преземаат сите неопходни мерки, велат од опозициската партија преку соопштение.
Мицкоски е негативен на коронавирусот, но ќе биде во самоизолација во следните 14 дена, поради контактот во интервјуто со уредникот од „Канал 5“, Гоце Михајлоски, кој е позитивен на ковид-19.
Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оддаваат огромна почит за сите медиумски работници, кои во овие тешки денови се во 24-часовна готовност за навремено да не информираат за состојбите со коронавирусот, кај нас и во светот.
– Медиумските работници се хероите кои го одржуваат системот во функција. Му посакуваме на новинарот кај кого е дијагностициран коронавирус брзо закрепнување. На другите новинари им посакуваме добро здравје – велат од ВМРО-ДПМНЕ.