Во изминатите седум дена се регистрирани 5 деца и 21 вработен позитивни на ковид-19 во градинките, велат од Министерство за труд и социјална политика (МТСП).
На прашањето за оценка на епидемиолошката состојба со ковид-19 во градинките од МТСП велат дека состојбата е стабилна.
– Состојбата со пандемијата во детските градинки е стабилна. За тоа потврдуваат и бројките од 0,17% деца и 0,99% вработени во јавните установи за згрижување на деца позитивни на ковид-19 на ниво на држава – велат од министерството.
Во градинките се запишани 29.585 деца, но бројот за тоа колку ги посетуваат се менува секој ден.
Доколку се потврди дека некој е заболен од ковид-19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје, која итно треба да направи анкета за процена на степенот на ризик од проширување на инфекцијата, по што носи одлука за тоа кој треба да оди во изолација и колку време.