Во последните 24 часа од направени 3.824 тестови регистрирани се 1.409 нови случаи на ковид-19 меѓу кои 206 се реинфекции, починати се 18 лица, а согласно регистарот од „Мој термин“ дополнително се пријавени и 10 починати лица во периодот од 31 јануари до 7 февруари, годинава. Како оздравени се водат уште 1.455 пацинети, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од регистрирани 1.409 нови случаи со ковид-19, 783 се од Скопје, по што следи Битола со 76, Куманово – 67, Кавадарци – 55, Тетово – 50, Велес – 45, Прилеп и Гостивар – по 42, Струмица и Неготино – по 30, Гевгелија – 24, Охрид – 21, Штип и Кичево – по 19, Кочани – 14, Ресен – 13, Крива Паланка – 12, Валандово – 11, Радовиш – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод – по 6, Свети Николе, Виница и Демир Капија – по 5, Берово и Богданци – по 4, Дебар и Пробиштип – по 2, Кратово, Демир Хисар, Пехчево и Дојран – по 1.
Најмногу од оздравените пациенти – 298 се од Скопје, од Битола 129, Кавадарци – 123, Куманово – 112, Тетово – 98, Гостивар – 77, Велес – 76, Прилеп – 72, Струмица – 51, Валандово – 42, Неготино – 40, Штип – 39, Охрид – 37, Гевгелија – 35, Кичево – 34, Радовиш – 28, Ресен и Крива Паланка – по 21, Кочани – 20, Свети Николе – 18, Струга – 14, Богданци – 13, Дебар – 12, Делчево – 9, Демир Капија и Демир Хисар – по 8, Виница – 7, Дојран и Крушево – по 3, Берово и Кратово – по 2, Македонски Брод, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.
Од регистрираните 18 починати во последното деноноќие 5 лица се од Скопје (64 години, 69 години, 70 години, 74 години и 81 година), по 3 лица од Штип (78, 86 и 90 години) и Охрид (54, 78 и 79 години), две лица од Куманово (75 и 81 година) и по едно лице од Гостивар (71 година), Велес (74 години), Делчево (80 години), Кочани (77 години) и Неготино (81 година). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 10 починати лица – Куманово (3), Скопје (3), Струмица (3) и Берово (1). Починатите се на возраст од 40 до 89 години. Од пријавените лица 4 лица се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица, 17 лица се целосно вакцинирани, а кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.834.588 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 283.547, бројот на оздравени пациенти е 263.196, на починати е 8.686, а бројот на активни случаи изнесува 11.665.