Во последните 24 часа направени се 3.162 тестирања, а регистрирани се 353 нови случаи на ковид-19: Скопје – 174, Прилеп – 42, Битола – 27, Кавадарци – 22, Куманово и Велес – по 13, Валандово – 9, Охрид – 8, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 6, Тетово – 5, Кочани – 4, Свети Николе и Радовиш – по 3, Штип, Струмица, Крива Паланка и Богданци – по 2, Гостивар, Делчево, Кратово и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 450 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 235, Битола – 39, Прилеп и Куманово – по 26, Охрид – 20, Кавадарци – 15, Струмица – 13, Кочани – 11, Велес, Берово и Демир Хисар – по 7, Радовиш и Штип – по 6, Гевгелија, Крива Паланка и Кратово – по 4, Тетово – 3, Кичево, Свети Николе, Делчево, Струга, Ресен, Виница и Пробиштип – по 2, Валандово, Неготино и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 3 од Скопје (67, 87 и 91) и по едно од Кавадарци (62), Кочани (69), Куманово (75), Струмица (78), Тетово (78), Велес (80) и Охрид (80). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 19.11 до 7.12.2021 година. Починатите лица се од Гевгелија (1), Скопје (1), Кочани (1) и Дојран (1). Тие се на возраст од 71 до 88 години. Од пријавените починати лица, 3 се починати во домашни, а едно во болнички услови.
Направени се 3.162 теста преку: ИЈЗ – 296, ЦЈЗ Скопје – 91, ЦЈЗ Битола – 73, ЦЈЗ Прилеп – 54, ЦЈЗ Тетово – 12, ЦЈЗ Куманово – 66, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 14, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 1, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 69, „Авицена“ – 160, „Биотек“ – 159, „Систина“ – 76, лабораторија „Лаор“ – 132, „Синлаб“ – 32, „Ремедика“ – 25, „Плодност“ – 43, „Генеа“ – 10, „Никоб лаб“ – 283, „ВФВ медикал“ – 64, „Ели медика“ – 68, „Ројал медика“ – 35, „Спектра-ММ“ – 14, „Рапид лаб“ – 6, „Жан Митрев Струмица“ -15, „Нова лаб дијагностика“ – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.361.
Досега во земјата се направени вкупно 1.507.103 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.843, бројот на оздравени пациенти е 206.661, на починати е 7.754, а бројот на активни случаи изнесува 5.428.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 96.308, Активни 2.650
Куманово 13.018, Активни 156
Тетово 11.379, Активни 86
Прилеп 10.506, Активни 352
Битола 8.987, Активни 445
Гостивар 8.082, Активни 22
Велес 7.411, Активни 176
Кавадарци 7.212, Активни 257
Штип 6.657, Активни 95
Охрид 6.611, Активни 209
Струмица 6.187, Активни 110
Кичево 4.261, Активни 61
Кочани 4.065, Активни 91
Струга 3.915, Активни 27
Гевгелија 2.846, Активни 81
Неготино 2.600, Активни 50
Свети Николе 2.138, Активни 42
Крива Паланка 1.922, Активни 54
Ресен 1.776, Активни 52
Радовиш .1773, Активни 57
Берово 1.470, Активни 35
Дебар 1.456, Активни 0
Делчево 1.440, Активни 80
Виница 1.164, Активни 13
Пробиштип 1.130, Активни 21
Валандово 977, Активни 41
Кратово 783, Активни 20
Богданци 659, Активни 28
Демир Хисар 624, Активни 40
Крушево 597, Активни 23
Македонски Брод 512, Активни 15
Демир Капија 426, Активни 2
Македонска Каменица 424, Активни 25
Пехчево 355, Активни 6
Дојран 172, Активни 6