Денес се регистрирани 449 нови лабораториски позитивни случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со ковид-19 изнесува 211.831. Оздравени се 317 пациенти – пријавени се 12 починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Од таму информираат, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 859 тестирања, а регистрирани се 449 новислучаи на ковид-19: Скопје – 195, Битола – 47, Прилеп – 19, Кавадарци – 18,Берово – 17, Куманово – 16, Кочани – 15, Велес и Штип – по 13, Гевгелија – 12, Делчево – 11, Охрид – 10, Струмица – 8, Неготино – 7, Валандово – 6, Тетово, Радовиш и Ресен – по 5, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 4, Кичево и Богданци – по 3, Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1 лице.
Регистрирани се 317 оздравени пациенти од: Скопје – 125,Берово – 26, Кавадарци – 24, Велес – 19, Битола – 15, Прилеп – 13, Штип и Гевгелија – по 10, Неготино и Кратово – по 9, Кочани – 8, Валандово и Тетово – по 6, Крива Паланка, Куманово и Струга – по 5, Струмица, Богданци и Пехчево – по 4, Делчево и Охрид – по 3, Крушево – 2, Пробиштип и Виница – по 1 лице.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 4 починати лица од Скопје (69г, 76г, 81г и 89г), Прилеп – 2 (65г и 82г), и по едно починато лице од Тетово (74г), Битола (72г), Охрид (33г), Виница (66г), и Демир Хисар (81г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 16 ноември. Лицето е од Кавадарци и е починато во домашни услови. Во однос на 33-годишното починато лице, било со дијагноза дијабет тип 2, и истото не земало соодветна терапија. Примено е во болница во тешка состојба.
Направени се 3.859 тестови преку: ИЈЗ-267, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-88, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово–43, ЦЈЗ Куманово-53, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–154,Жан Митрев (Филип Втори)-71, Авицена-165, Биотек-262, Систина-68, лабораторија Лаор-181, Синлаб-23, Ремедика-12, Плодност–80, Генеа-9, Никоб лаб-274, ВФВ Медикал-63, Ели Медика-61, Ројал Медика–31, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб – 5, Жан Митрев Струмица – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.842.
Досега во земјата се направени вкупно 1.446.403 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.831, бројот на оздравени пациенти е 195.941, на починати е 7.418, а бројот на активни случаи изнесува 8.472.