Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 25 до 31 јануари, во општина Прилеп имало 44 нови случаи на ковид-19. Од последици на коронавирусот починале четири лица.

Бројот на активни случаи изнесува 147, од кои 17 лица се наоѓаат на болничко, 116 на домашно лекување, а 14 се лекуваат во дневната болница. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 130 лица.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 изнесува 4.563. Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 237 лица. Ка.М.