Како што информира Министерството за здравство, Европската Комисија потпишала договор со фармацевтската компанија „Џилед“ за набавка на 500.000 дози од „веклурy“, бренд името на лекот „ремдесивир“, со можност за дополнително зголемување на количините.
Заедничкиот договор за набавка е потпишан од 36 земји, вклучувајќи ги земјите од Европската Унија, Норвешка и Исланд, Обединетото Кралство и шест земји сегашни и потенцијални ЕУ кандидати, во кои освен Македонија, директна набавка на лекот можат да направат и Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.
„Веклурy“ (ремдесивир) е лек за третман на пациенти со ковид-19 на кои им е потребна кислородна поддршка, а постапката за директна нарачка на лекот може да започне уште веднаш.
Ова е шеста успешно имлементирана заедничка постапка за набавка. Заедничката набавка е инструмент на Европската Комисија од почетокот на годината со кој на земјите им се обезбеди и дополнителен пристап до лична заштитна, респиратори, тестови и друга неопходна медицинска опрема.
Инаку, Македонија преку Клиничката студија на Светската Здравствена Организација веќе го има лекот „ремдесивир“, а со ова ќе се обезбедат дополнителни количини од истиот.