Сите државјани на Косово кои транзитираат низ земјава, ќе мора да приложат негативен ПЦР тест направен во последните 72 часа, одлучи Владата.
Ваквата одлука следува по препорака на Комисијата за заразни болести.
– На седница Владата ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести согласно која сите патници, државјани на Косово коишто поминуваат низ Република Северна Македонија, треба задолжително да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа – соопшти Владата.