Фото: Пeкселс

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 29.07 до 31.07.2022) се направени 2.631 тестови, а регистриран е 1.171 нов случај на ковид-19: Скопје – 485, Битола – 87, Кавадарци – 78, Прилеп – 61, Куманово – 60, Охрид – 51, Гостивар – 49, Велес – 43, Тетово – 32, Штип и Струга – по 29, Струмица – 28, Кичево – 23, Гевгелија – 18, Неготино – 15, Ресен – 14, Кочани – 13, Радовиш – 11, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар и Валандово – по 6, Виница и Демир Хисар – по 5, Богданци – 3, Берово, Кратово и Крушево – по 2, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.171), регистрирани се 275 реинфекции.

Во текот на изминатите 3 дена (29.07-31.07.2022) пријавени се 3 починати лица од: Скопје (75г, 80г и 83г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.118.638 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 328.180, бројот на оздравени пациенти е 313.833, на починати е 9.373, а бројот на активни случаи изнесува 4.974.