Нови 72 случаи на ковид-19 се регистрирани во изминатите три дена (7, 8 и 9 октомври) од вкупно 871 направен тест, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новите случаи, 60 се во Скопје, три во Куманово, по два случаја имаат Битола и Велес и по еден Прилеп, Охрид, Струмица, Струга и Ресен. Од вкупниот број позитивни (72), 18 се реинфекции.
Регистрирани се 161 оздравен пациент: Скопје – 116, Битола – седум, Куманово, Прилеп и Кичево по четири, Велес, Охрид, Кавадарци, Неготино и Кратово по три, по двајца оздравени има во Тетово, Штип, Гевгелија и Берово и по еден во Струмица, Гостивар и Виница.
Во изминатите три дена не се пријавени починати лица, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, пријавени се четири починати, со датум на смрт од 14 септември до 6 октомври годинава. Тројца се од Скопје, на возраст од 96, 80 и 73 години, и еден од Кавадарци на 58-годишна возраст. Тројца починале во домашни и едно лице во болнички услови.