Младите кои имаат над 18 години, а биле лекувани од рак како деца, треба да се вакцинираат против коронавирус, вели Драгана Јаниќ, раководител на детскиот оддел на Институтот за онкологија и радиологија на Србија. Драгана Јаниќ изјави дека децата кои биле лекувани и излекувани од малигна болест, поради терапијата што ја примале им е ослабнат организмот и затоа ги советува да примат вакцина против ковид.
– Децата кои беа лекувани и излекувани од рак примаа лекови кои, сепак, го оштетуваат организмот, а короната е системска болест која може да има свои долгорочни последици врз кардиоваскуларниот респираторен систем и затоа овие деца не треба да бидат изложени на двоен ризик. Значи, за оние кои имаат над 18 години, а се лекувале како деца, апсолутно треба да се вакцинираат – наведува Јаниќ.
Таа апелира до родителите на болни деца, исто така, да се вакцинираат против ковид-19.
– Апелирам и до родителите на децата кои се лекуваат сега, да се вакцинираат, затоа што навистина ги спроведуваме сите превентивни мерки во болнички услови и важно е овие мерки да се спроведуваат во семејната средина – посочува таа.