Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.275 тестови, а регистрирани се 281 нов случај на ковид-19: Скопје – 169, Битола – 24, Кавадарци – 13, Прилеп – 11, Куманово и Охрид – по 8, Кичево – 6, Струмица и Гевгелија – по 5, Тетово – 4, Велес, Гостивар, Кочани, Ресен и Делчево – по 3, Неготино, Виница и Богданци – по 2, Штип, Струга, Радовиш, Берово, Валандово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (281), регистрирани се 48 реинфекции.
Регистрирани сe 285 оздравени пациенти од: Скопје – 152, Прилеп – 37, Кавадарци – 21, Битола – 16, Куманово – 14, Гевгелија – 7, Ресен – 6, Велес – 5, Кичево и Гостивар – по 4, Тетово и Кочани – по 3, Штип и Берово – по 2, Охрид, Струмица, Неготино, Виница, Богданци, Валандово, Демир Хисар, Кратово и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Битола (63 години), Охрид (85 години) и Крива Паланка (76 години). Сите се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (3), кај сите се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.946.588 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.326, бројот на оздравени пациенти е 293.171, на починати е 9.191, а бројот на активни случаи изнесува 1.964.