Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 7.123 тестови, а регистрирани се 1.822 нови случаи на ковид-19: Скопје – 918, Битола – 198, Прилеп – 98, Куманово – 65, Кавадарци – 55, Охрид – 49, Штип – 42, Гевгелија и Радовиш – по 33, Струмица – 30, Велес – 28, Тетово, Кичево и Крушево – по 26, Неготино и Валандово – по 21, Гостивар и Кочани – по 18, Свети Николе – 15, Ресен – 14, Струга – 12, Делчево и Берово – по 10, Пробиштип – 9, Крива Паланка – 8, Македонска Каменица – 7, Богданци, Македонски Брод и Демир Капија – по 5, Виница и Кратово – по 4, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Дојран – 2, Дебар – 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.822), регистрирани се 173 реинфекции.
Регистрирани сe 668 оздравени пациенти од: Скопје – 406, Охрид – 43, Битола – 37, Прилеп – 31, Кавадарци – 30, Струмица – 25, Куманово и Велес – по 14, Гевгелија – 11, Штип – 7, Радовиш, Неготино и Ресен – по 6, Кичево и Струга – по 5, Делчево – 4, Кочани и Берово – по 3, Гостивар, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија – по 2, Свети Николе, Македонски Брод , Демир Хисар и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: 2 починати лица од Делчево (70 години и 77 години) и едно починато лице од Скопје (89 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се 4 лица, по едно починато лице од Скопје, Радовиш, Гостивар и Кичево, починати во период од 28 декември 2021 – 6 јануари 2022 година. Починатите се на возраст од 61 години до 85 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.679.890 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 238.061, бројот на оздравени пациенти е 216.521, на починати е 8.062, а бројот на активни случаи изнесува 13.478.