Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.493 тестови, а регистрирани се 300 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје – 180, Битола – 19, Охрид – 16, Прилеп и Кавадарци – по 13, Струмица – 9, Куманово, Велес, Гостивар, Гевгелија и Ресен – по 5, Кичево и Делчево – по 4, Тетово и Струга – по 3, Штип и Кочани – по 2, Неготино, Свети Николе, Дебар, Валандово, Богданци, Кратово и Крушево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (300), регистрирани се 59 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Битола (71г), починато во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица (1) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.966.968 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.474, бројот на оздравени пациенти е 295.434, на починати е 9.227, а бројот на активни случаи изнесува 1.813 лица.