Туристичкиот период почнува на 15 јуни, датум кога може да се отворат сезонските хотели, а од 1 јули, постепено ќе започнат директните летови од странство до нашите туристички дестинации, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во видеопораката до јавноста во делот посветен на туризмот.
Мицотакис го презентираше владиниот план за следните месеци за економијата, поддршката на работните места и туризмот, паралелно најави намалување на ДДВ-то.
– На нашите посетители ќе им се прават тестови по случаен избор и ќе се почитуваат нашите општи здравствени протоколи, кои, сепак, нема да го засенат, ниту нашето сјајно сонце, ниту природната убавина на Грција – рече Мицотакис.