Лавови во Зоолошката градина во Загреб се заразени со коронавирусот. Тие се заразиле од чуварот што се грижел за нив, пишуваат медиуми во регионот.
На лавовите им е земен брис од носот и двата имаат симптоми на болеста.
Сега се тестираат и други животни со кои чуварот бил во контакт.
Во Европа имаше повеќе случаи на заразени животни.