Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја потврди подготвеноста на неговата земја да го активира дигиталниот ковид-сертификат на Европската унија уште пред 1 јули.
– Вирусот ја забрза дигиталната трансформација на земјата. Дигиталниот сертификат го олеснува патувањето, што е особено важно за нашата земја, во средиштето на туристичката сезона – рече денеска Микотакис на презентацијата на дигиталниот ковид-сертификат на ЕУ, во присуство на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, пренесува АНА.