Нови 340 случаи на ковид-19 од 2.557 направени тестови се регистрирани во последните 24 часа. Во изминатото деноноќие починале две лица, а преку Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ пријавени се уште девет починати. Регистрирани сe 526 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од 340-те новодијагностицирани, во Скопје се 198, Велес – 21, Куманово – 17, Прилеп – 16, Битола – 14, Кавадарци – 13, Тетово – 10, Гостивар и Ресен по осум, Гевгелија – седум, Кичево и Радовиш по пет нови случаи, Кочани – три, Неготино, Берово и Богданци по два, Охрид, Штип, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија имаат по еден новозаразен.
Од вкупниот број позитивни (340), 56 се реинфекции.
Двајцата починати во изминатите 24 часа се од Скопје (84 години) и Кичево (75 години) и починале во болнички услови. Пријавените девет починати пациенти согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ се со датум на смрт од 16 февруари до 4 март 2022 и се на возраст од 63 до 93 години. Четворица од нив се од Скопје и по еден од Куманово, Гостивар, Свети Николе, Крушево и Гевгелија. Петмина починале во домашни услови, а четворица во болница.
Од вкупниот број починати лица, кај осум се регистрирани коморбидитети.
Од оздравените 526 пациенти во изминатите 24 часа, од Скопје се 262, Велес – 29, Куманово – 28, Прилеп – 25, Битола – 24, Кавадарци – 23, Тетово – 22, Гостивар – 21, Ресен – 16, Гевгелија – 12, Кичево – девет, Радовиш, Кочани и Неготино по седум, Берово, Богданци и Охрид – по четири, Штип, Струга, Крива Паланка и Дебар имаат по тројца оздравени, Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија по двајца и по еден оздравен од ковид-19 имаат Струмица и Свети Николе.