Фото: Принт-скрин

Нема да има дополнителни превентивни мерки. Констатирано е дека епидемилошката состојба во болниците е стабилна, иако укажува на зголемување на бројот на случаи, но нема зголемување на бројот на хоспитализирани, истакна д-р Злате Мехмедовиќ на прес-конференција по денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, одржан по повод актуелната епидемиолошка состојба во Македонија.

Тој посочи дека се Комисијата работи на систем за зајакнување на примарниот дел од здравството што е најоптоварен со болните од ковид.

– Најголемиот дел од оптовареноста на системот е на грбот на матичните лекари. Комисијата работи на систем за зајакнување на примарниот дел од здравствениот систем. Ги дефиниравме просторот, опремата и кадарот кои треба да бидат вклучени во реорганизацијата. Во текот на наредната недела треба да почнат со работа пет ковид-амбуланти на територијата на Скопје, кој моментно е најзасегнат со број на заразени. Сметаме дека ова е добро решение на намалување на проблемите во однос на дијагностиката и на третманот – објасни портпаролот на Комисијата за заразни болести.