Ова се несигурни времиња. Сега како никогаш порано сме потребни едни на други. Си требаме за вистина, поддршка и за да не се чуствуваме осамени во ова застрашувачко време, напишал принцот Хари, во соопштението во кое наведува како тој и неговата сопруга Меган планираат да помогнат во борбата против коронавирусот, пренесуваат светските медиуми.
Тој додава како на многу луѓе ширум светот во овој момент им е потребна поддршка, на оние кои беспоштедно работат на спречување на оваа криза во позадина, но и на линијата на фронтот или пак од своите домови.
– Нашата подготвеност како луѓе да се сплотиме и да станеме поцврсти пред вирусот ковид-19 инспирира. Овој момент ќе биде вистински тестамент кој постои во човечкиот дух – напишал принцот Хари.
Тој и неговата сопруга испраќаат силна порака до целиот свет и откриваат како планираат да помогнат во овие тешки моменти поради пандемијата од коронавирусот.
– Многу често зборуваме за сочувство. Целиот наш живот е погоден, соединувајќи не сите нас на глобално ниво. Начинот на кој едни кон други во нашите заедници се однесуваме со емпатија и љубезност, во овој момент е многу важен – пишува принцот на својата официјална интернет-страница.
Во следните недели тоа ќе биде наш приоритет. Ќе споделуваме информации и ресурси на сите за да помогнеме. Од објавување на точни информации и факти од релевантни стручни лица, до запознавање со мерки кои можеме да ги преземаме за да ги зачуваме семејствата, работење со организации кои можат да ни дадат поддршка на нашата ментална и емоционална благосостојба. Покрај останатите активности ќе се фокусираме на инспиративните приказни за тоа како многумина од вас ширум светот се поврзувате на разни начини со што придонесувате и сте поддршка едни на други. Сите сме заедно во ова и како глобална заедница можеме да се поддржуваме едни со други, и во овој процес да изградиме дигитално катче, место каде ке биде безбедно за секој од нас. Се радуваме што ќе споделуваме повеќе во наредните денови и недели, порачува принцот Хари со својата сопруга Меган.