Ресторанот „Ројал Палас“ во холандскиот град Ренесе, воведе нови роботи-келнери како начин да се намали контактот меѓу луѓето среде пандемијата на коронавирус. Црвено-белите роботи ќе ги поздравуваат гостите, ќе служат храна и ќе ги собираат користените садови и прибор од масите во ресторанот, пренесува „Асошиејтед Прес“.
Сè уште неименуваните роботи велат „здраво и добредојде“, и носат мали марами за изгледот да им биде попријатен за посетителите на ресторанот.
– Тие ни помагаат во работата што ја работиме. Често сме зафатени со чистењето на масите, па роботите ни помагаат во тоа. Ние не исчезнуваме. Сè уште сме тука. Оваа индустрија не може без нас и има потреба од човечка рака – вели Ли Ху, чие семејство е сопственик на ресторанот.