Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во минатото беше гласен против мерките за ширење на коронавирусот, периодов беше забележан како позира со насмеаната маскота Зе Готиња која треба да ги поттикне Бразилците да се вакцинираат, пренесува „Вашингтон пост“.
Бразилското министерство за здравство го создаде Зе Готиња, како пријателско лице за промоција на вакцините против детска парализа во 1980-тите. Но оттогаш, маскотата беше користена и во борбата против сипаниците и туберкулозата. Сега е ред да се спротистави на коронавирусот и да покаже дека вакцинацијата не е опасна.
– Маскотите имаат долга историја во кампањите за јавно здравје насекаде во светот. Тие се смешни и разиграни, што го прави примањето на вакцина да изгледа помалку страшно, помалку управувано од владата, односно помалку наметнато – објаснува Хајди Ларсон, директорка на Проектот за доверба на вакцините на Лондонското училиште за хигиена и локална медицина.
Овој феномен особено е видлив во азиските земји, односно во Јапонија, каде што веќе долго време постои просперитетна маскота-култура. Таму противник на вирусот уште од започнувањето на пандемијата е мачката Коронон, која се бори против коронавирусот. На аеродромите, маскотата наречена Каран ги бодри оние кои се во карантин.
Некои маскоти не се специфични само за коронавирусот, туку имаат повеќе општа, универзална цел да ги направат вакцините „помалку страшни“, како што е израелскиот цртан Клалит, најчесто користен од здравствените услуги, пред пандемијата, кој сега е на постерите и картичките за имунизација во земјата.
Маскотите и нивниот изглед понекогаш можат да предизвикаат и мали „непријатности“.
– Предизвик за маскотите на социјалните мрежи е нивниот изглед и контекст. Една маскота може да биде „несоодветна“ и „проблематична“ во одредени контексти, како што е изгледот на бразилската маскота Зе Готиња, кој многумина Американци може да ги потсети на облеката на членовите на Ку Клукс Кланот – посочува Ларсон.