Поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, е примен во болница откако бил тестиран за коронавирус и резултатите биле позитивни, пренесува „Ројтерс“.
Како што изјавил изворот за „Ројтерс“, неговата состојба се подобрува и тој се следи од претпазливост.
Најверојатно Солана е хоспитализиран во Мадрид, меѓутоа, оваа информација сè уште не е официјално потврдена.
Солана (77) беше генерален секретар на НАТО од 1995 до 1999 година, од 1999 до 2009 година беше висок претставник на ЕУ за надворешна политика, а од 1992 до 1995 година, министер за надворешни работи на Шпанија.
Во понеделникот, деветти март, како што објави „Ројтерс“, тој присуствувал на настан чиј домаќин бил сегашниот министер за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја.