Говорејќи на седницата на парламентот на ЕУ, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, се извини за задоцнетата акција на ЕУ во врска со залихите на вакцини против коронавирус.

Претседателката на Комисијата во својот говор во Брисел рече дека надлежните биле премногу сигурни за набавката на вакцини против ковид-19. Таа кажа дека блокот дејствувал доцна и дека бил премногу самоуверен.

– Сè уште не сме таму каде што сакаме да бидеме. Доцневме да ги одобриме вакцините, бевме премногу оптимисти кога станува збор за масовно производство и можеби бевме премногу сигурни дека она што го нарачавме ќе биде доставено на време – истакна Фон дер Лејен.