Изборот на примената вакцина би можел да одреди во кои држави ќе можат да влезат имунизираните, со постепеното враќање на можностите за патување, пишува „Блумберг“.
Европската Унија планира налето да им дозволи влез на Американците кои примиле вакцини одобрени од Европската медицинска агенција (ЕМА), како што сугерираше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен. Ова би можело да значи дека имунизираните со, на пример, вакцината на кинески „Синовак“ би се соочиле со забрана за влез, што би имало последици по бизнисот и туризмот.
Кина, пак, засега ги признава само сопствените вакцини, додека Западна Европа и САД уште не ги одобриле кинеските вакцини.
– Кинеската вакцина е единствената опција за луѓето кои работат на копнениот дел на Кина – вели Мари Ченг од Хонгконг, чие семејство се соочи со избор за вакцините.
Таа ја избра кинеската „Синовак“ за да може полесно да патува на работа во копнениот дел на Кина, додека нејзиниот сопруг кој е Британец се одлучил за „Фајзе“, за да може да го посети семејството во Обединетото Кралство. Овие две вакцини моментно достапни во Хонгконг.
Милиони луѓе не можат да изберат која вакцина ќе ја примат, па би можеле да се соочат со ограничени можности за патуање и откако ќе бидат имунизирани.
– Глобалната поделба на луѓето врз основа на одобрувањето на вакцините само ќе ги влоши и продолжи економските и политичките ефекти на пандемијата. Постои ризик за светот да стане поделен врз основа на вакцина-национализмот – вели Николас Томас, професор по здравствена безбедност од Хонгконг.
Се смета дека вакцините ќе помогнат во отворањето на границите, но уште е неизвесно дали државите ќе прават разлика помеѓу 11-те достапни вакцини на глобално ниво, додека расправаат за воведувањето на сертификатитеза вакцинација. А ова прашање е особено важно за државите кои зависат од туризмот.