Во Европа, бројот на заразени со коронавирус минатата недела почна да се зголемува по десет недели пад, објави денеска Европскиот оддел на Светската здравствена организација (СЗО) и предупреди на опасност од нов бран.
– Ќе има нов бран во европскиот регион, освен ако не бидеме дисциплинирани – рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
Според СЗО, минатата недела бројот на заразени во Европа скокна за десет проценти поради патувања, собири и укинување на некои мерки против епидемијата.
– Ова се случува додека се шири новиот, загрижувачки делта сој на вирусот. И покрај напорите на државите, неколку милиони луѓе сè уште не биле вакцинирани – рече Клуге.