Од октомври во Брисел, Белгија, за влез на јавни места и собири ќе биде потребен доказ за вакцинација, прележан ковид или негативен ПЦР-тест.
Сертификатот што ќе го носи името „Ковид сејф тикет“ ќе се бара во дискотеки, ресторани, затворениот простор во кафулињата, спортските центри, културните објекти и настани со над 50 лица, како и на сите други настани со 50 лица во затворена просторија или 200 лица на отворено. Ќе се бара и во установи за ранливи лица како пензионерски домови и хотели.
Брисел е единствениот град во Белгија засега кој го презема овој чекор.