Во област надвор од Москва се гради нова болница за третман на пациенти заразени со коронавирус, пренесува Радио Слободна Европа.
Многу градежни работници со тешка машинерија забрзано работат на склопување на монтажна структура, на локација на околу 50 километри југозападно од руската престолнина.
Градските власти најавија дека оваа болница со 500 кревети ќе биде завршена многу скоро.
Во моментов, пациентите за кои постои сомневање дека се заразени со коронавирус во Москва, се праќаат на лекување во Клиниката за инфективни болести во населбата Комунарка.
Заклучно со 17 март, во Русија има потврдено повеќе од 100 случаи на инфекција со Ковид-19, од кои над 50 случаи во Москва.
Досега нема регистрирани смртни случаи.