Во текот на изминатите 24 часа, потврдени се 11.929 нови случаи на коронавирус во Индија.
Во земјата досега се потврдени вкупно 320.922 случаи на вирусот, а од инфекцијата починале 9.195 луѓе, пренесува Си-ен-ен, повикувајќи се на податоци на индиското Министерство за здравство.
Индија е на четвртото место во светот по бројот на заразени, по САД, Бразил и Русија.
Западноиндиската држава Махараштра сè уште е најтешко погодена од епидемијата, а главниот град Њу Делхи објави најмалку 38.958 случаи на ковид-19.