Русија пријави 8.779 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата во таа земја достигна повеќе од половина милион.
Вкупниот број на случаи на ковид-19 во Русија во моментов е 502.436.
Официјалните лица велат дека 174 лица починале во последните 24 часа, па сега има вкупно 6.532 смртни случаи.
Русија е трета земја во светот според бројот на заразени, по САД и Бразил, но има релативно мал број на смртни случаи во споредба со бројот на заразени и во однос на другите земји.
Руската официјална статистика во бројот на смртни случаи од коронавирус ги вклучува само оние кои починале од ковид-19 .
Во многу земји, особено во Западна Европа, статистиката ги вклучува скоро сите пациенти кои биле позитивни на коронавирус во моментот на смртта.
Овој метод на пресметка може делумно да ја објасни ниската стапка на смртност регистрирана во Русија.
Руските власти го припишуваат нискиот број на жртви пред се на преземените мерки, како што се затворање на границите, реорганизирање на болничкиот систем и масовно тестирање.
Досега, велат тие, извршени се 13,5 милиони тестирања.