Индија забележа 89.706 случаи на зараза со коронавирус во последните 24 часа, што е еден од најлошите дневни биланси во светот од избувнувањето на пандемијата.
Во Индија, вкупниот број на заразени достигна 4,37 милиони, а 73.890 починаа од ковид-19, според индиското Министерство за здравство.
Повеќе од милион луѓе се регистрирани позитивни на коронавирусот во Индија за помалку од две недели.
Тестирањето се зголеми на повеќе од еден милион лица на ден.