Тимот од Светската здравствена организација, кој требаше да го испита потеклото на ковид-19 во Вухан, бил спречен да влезе во Кина. Двајца членови веќе беа на пат кон земјата, но едниот од нив се врати, додека другиот член е во транзит во трета земја. СЗО соопшти дека има проблем со визите.
Пекинг и СЗО, по неколкумесечни преговори, се договорија за долгоочекуваната истрага во декември.Вирусот првпат беше откриен во Вухан на крајот на 2019 година, а почетокот на ширењето на инфекцијата е поврзан со тамошниот пазар.
Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека е „многу разочаран“ што Кина сè уште не ги завршила дозволите за доаѓање на тимот „со оглед на тоа што двајца членови веќе тргнале на пат, а другите биле спречени да тргнат во последен момент“.