Земјите членки на ЕУ преку нивниот редовен синџир на снабдување можат да исполнат само десет отсто од тековните потреби за заштитна опрема и медицински помагала, како што се респиратори, за време на кризата со коронавирусот, според интерен документ на Комисијата (ЕК), тврди „Ројтерс“.
Според документот на кој се повикува „Ројтерс“, Комисијата проценува дека конвенционалниот синџир на снабдување „може да задоволи само десет отсто од тековните потреби“.
– Снабдувањето и достапноста на лична заштитна опрема и медицински уреди, особено респираторите, низ цела Европа се причина за загриженост – се вели во документот.
Додадено е дека повеќето земји членки на ЕУ имаат ограничени снабдувања и ограничен капацитет за зголемување на производството на таква опрема и уреди.