Бројот на починати и новозаразени од ковид-19 до средината на идната година може да дојде на нивото на сезонски грип под услов во меѓувреме да не се појават нови опасни варијанти, смета коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.
Во разговор за форумот на „Блумберг“ – „Њу економи форум“, кој се одржа во Сингапур, Гејтс истакна дека комбинацијата од голем број луѓе кои прележале коронавирус и оние што се вакцинирале може значително да ја намали стапката на ширење на болеста, а потоа и стапката на смртност. За тоа ќе придонесат и новите лекови за ковид-19, кои беа претставени последните недели.
Вакцините се многу добра вест, а до средината на идната година треба и во најголема мера да се решат и проблемите со нивната дистрибуција и долнителната побарувачка, појасни Гејтс.
Тој ја истакна Кина како пример на земја која релативно брзо ја исконтролира пандемијата, што значи дека најголем дел од населението таму немаше вистинска прилика да се соочи со вирусот и да создаде природен имунитет. Затоа во интерес на Кина е да се вакцинираат што повеќе луѓе пред да ги ублажат мерките.
Гејтс додаде и дека ќе видиме различни стратегии за отворање на земјите, но сè додека земјите имаат висока стапка на вакцинирани и доволно лекови, може да ги ублажат мерките.