Во Јужна Кореја е забележан ненадеен скок на бројот на заболени со коронавирус – во последните 24 часа биле потврдени 631 нов случај, од кои најголем број во главниот град Сеул. Поради ова, властите воведоа заострени мерки мерки.
Корејската агенција за контрола и превенција на болести (КДЦА) објави скок на бројот на пациенти со ковид-19, 631, што е најголем дневен број од врвот на епидемијата во февруари и почетокот на март.
Властите воведоа заострени мерки во страв од преоптоварување на болничкиот систем, бидејќи во моментов има 7.873 активни случаи.
Во Сеул, повеќето продавници се затворени на две недели, а во вечерните часови не функционира градскиот сообраќај.
Забранети се собири на повеќе од 50 лица, а има и поголеми ограничувања на верските собири.
Повеќето мерки ќе бидат во сила три недели.
Во Јужна Кореја досега заболеле 37.546 лица, а 545 починале.