Унгарија идентификува два случаи на индискиот вид на ковид-19, изјави владин службеник одговорен за програмата за вакцинација.
– Индиската варијанта е присутна во Унгарија и според експертите не можеме да ја исклучиме можноста за нов бран на пандемија – рече на прес-конференција Иштван Ѓорѓи, заменик-министерот за здравство и шеф на владиниот тим за програма за вакцинација.
Директорката на Унгарскиот институт за јавно здравје, Сесилија Мулер, додаде дека двајцата пациенти веќе оздравеле. Епидемиолозите не биле во можност да утврдат како и каде се заразиле, а ниеден од нив неодамна не престојувал во странство.