Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден, ја повика администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп да ги ублажи санкциите против Иран.Тој порача дека е потребно да му се помогне на Иран и другите земји кои се најтешко погодени од новиот коронавирус.
Тој побара од администрацијата на Трамп да им дозволи на фирмите да увезуваат лекови и медицинска опрема во Иран и на Техеран да му се овозможи пристап до меѓународните банки и транспортни компании.
– Можеме со иранските власти да имаме многу несогласувања, но хумано и правилно е да се постапи така. Иран во знак на добра волја би можел да ги ослободи притворените американски државјани – порача Бајден.