Можеби е потребно да се воведат построги правила за носење маски во Англија, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.
– Мислам дека мораме да бидеме построги во институциите луѓето да носат маски во затворени простории каде се сретнуваат со луѓе кои обично не ги сретнуваат – рекол Џонсон, пренесе „Ројтерс“.
Според него, затоа е задолжително носењето маски во јавниот превоз.
Во Британија денеска бројот на починати од коронавирус се зголеми за 48, на вкупно 44.650, соопшти британската влада.