Потенцијалниот лек против вируси, ремдесивир, за кој се верува дека може да лекува лица заболени од ковид-19, наводно бил неуспешно тестиран на првото клиничко испитување, покажаа документите што протекоа од Светската здравствена организација.
Според нацрт-документите, кои Светската здравствена организација ги објави случајно, тестирањата спроведени во Кина покажале дека овој лек не бил успешен во лекувањето на ковид-19. Се тврди дека лекот не ја подобрил состојбата на пациентот ниту го намалил присуството на патогени во крвта.
Американската фирма што го произведува лекот, „Гилијад саенсез“, тврди дека студијата е погрешно претставена во документот. Веста за неуспешно клиничко тестирање се шири откако СЗО објави детали за својата база на податоци за клиничкоto тестирање и потоа ја отстрани.
СЗО потврди дека нацрт-извештајот е објавен по грешка.