Сите потенцијални несакани ефекти на вакцините против коронавирус се во надлежност на здравствените власти на земјите што користат вакцини, соопшти портпаролката на Светската здравствена организација.
Таа зборуваше на оваа тема по појавувањето алергиски реакции во Велика Британија по давањето на вакцината на „Фејзер“ и британските здравствени експерти предупредија дека луѓето што имаат проблеми со алергии засега нема да примаат вакцина, објави „Ројтерс“.
– Луѓето не треба да бидат премногу нетрпеливи – рече портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, на брифинг во Женева.
СЗО ги разгледува податоците од третата фаза на тестирање вакцини од неколку производители, додаде таа.
– Вакцините сè уште немаат дозвола од СЗО за употреба во итни случаи бидејќи најважно е првин да се грижиме за безбедноста – додаде таа.