Светската здравствена организација предупреди дека употребата на непроверени лекови за лекување на коронавирусот, без докази за нивната ефикасност, може да биде опасна и да ги зголеми лажните очекувања.
– Употребата на непроверени лекови без претходни докази може да доведе до лажна надеж и дури да предизвика повеќе штета отколку корист. Тоа може да доведе и до недостиг на основните лекови, неопходни за лекување други заболувања – изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој денеска пред новинарите посочи и дека пандемијата на коронавирусот се забрзува со повеќе од 300.000 случаи во светот.