Светската здравствена организација работи со Европската комисија за координирање на донациите на вакцини против коронавирус за другите земји на континентот, изјави денеска директорот на Канцеларијата на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
На прашање за дозите за земјите на Балканот, Клуге на прес-конференцијата рече „ние тесно соработуваме со Европската комисија на сите нивоа, по прашањето на донациите“, пренесува „Ројтерс“.
Тој додаде дека Австрија ќе ги координира тие донации.