Африка ќе успее да вакцинира 70 проценти од своето население дури до август 2024 година, предупреди Светската здравствена организација која порача дека е потребно да се забрза кампањата за вакцинација.
До 13 декември, само дваесет африкански земји вакцинирале најмалку 10 проценти од населението, а само шест достигнаа 40 проценти и две (Маурициус и Сејшели) 70 проценти.
– Можеме да спасиме уште многу животи ако го забрзаме темпото на вакцинација на почетокот на 2022 година – рече регионалната директорка Матшидисо Моети.
СЗО-Африка, исто така, додава дека минатата недела бројот на новозаразени со Ковид-19 скокнал за 83 отсто, што може да се припише на новата варијанта на омикрон, која првпат беше откриена на 24 ноември во Јужноафриканската република.