Рускиот премиер, Михаил Мишустин, за време на видео-конференцијата му соопштил на претседателот Владимир Путин дека е позитивен на коронавирусот.
– Тестовите со коронавирус покажаа дека сум позитивен. Морам да се придржувам кон правилата на самоизолација поради безбедноста на моите колеги – рече рускиот премиер, јави Си-ен-ен.
Мишустин му предложи на неговиот заменик Андреј Белошов привремено да биде премиер, а Путин потпиша указ со кој го назначува.