На првиот ден од карантинот за невакцинираното население во Австрија бројот на новозаразени и натаму е висок – 11.889, а пријавени се и 40 смрни случаи.
За споредба, во понеделникот пред една недела беа регистрирани 8.178 новозаразени.
Исто така, во последните 24 часа е забележано значително зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во австриските болници – за 120 пациенти повеќе од вчера.
Со тоа бројот на ковид-пациенти достигна 2.447, а на интензивна нега во моментот се 441 пациент, осуммина повеќе од вчера.