Полицијата ги растера демонстрантите кои излегоа на протест во Берлин, што се одржа против мерките воведени во борбата со коронавирусот.
Противниците на рестриктивните мерки денеска се собраа на протест во Берлин. Полицијата ги растерала учесниците затоа што не носеле маски и не одржувале физичка дистанца.
Портпаролот на полицијата соопштил дека демонстрантите мирно се разотишле, иако биле пријавени спорадични инциденти на улиците, како што биле запалени контејнери и блокирани улици.
На протестот имало околу 3.000 полицајци.
Претходно оваа недела градот забрани одржување на протести, но регионалниот суд донесе одлука, сепак, да може да се одржуваат демонстрации. Судот навел дека нема индиции дека демонстрантите намерно нема да ги почитуваат мерките за физичка дистанца.
Во Германија изминативе недели е забележан пораст на бројот на новозаболени со коронавирус, па властите стравуваат дека протестите би можеле да придонесат за ширење на заразата.
Во Германија досега се потврдени над 242.000 случаи и повеќе од 9.000 починати.